биде (гл.) - љубезен (прид.)

БОЖО: Сега ќе бидеш љубезен веднаш да ја напуштиш куќава. Да не се расправаме поинаку.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Прашајте уште еднаш кога пристигнува тоа чудо, бидете љубезни.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Е па тогаш биди љубезен и донеси една чаша и за мене!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Благодарам за подарокот, - се потруди да биде љубезна, - а на штосе должи оваа твоја, ако смеам да забележам, ненајавена посета?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)