биде (гл.) - цел (прид.)

Таа ќе биде целата водена како да киснела на дожд!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Имам зашто, си рече по некое време. Сакам да сочувам во себе си нешто цело, сакам да бидам цел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Не мора да го молиме сега, кога веќе почна да пее. Вака ќе биде цела ноќ.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е шо велиш ти, шо велат тие умните глави, како да работиме? — праша Толе, кој дотогаш ги голташе Атанасовите зборови. — Тоа е друга работа сега!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)