биде (гл.) - цврст (прид.)

Новата градба од камен ги има пропорциите на Арката, и тој треба да биде цврст и конечен дом за неа и за Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ти треба да научиш да бидеш цврст, но и мек, за да ти биде убав животот, за да те сакаат луѓето, да не бегаат од тебе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го оставив писмото на перницата. Поминав со раката по косата на Цецилија, по нејзината долга црна коса, ја распослав на перницата, преку листовите хартија на кои беше испишано писмото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, по малку белина, со сосема поинаков ракопис, стоеја развлечени букви; сигурно биле запишани кога почувствувала како полека тоне во нешто што наликува на сон: „Биди цврста, како и секогаш“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)