биде (гл.) - утврден (прид.)

Тие можеа да бидат утврдени со истрага, можеа да бидат исцедени со тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па така, наместо казните да бидат утврдени во број на просечни плати, тие се утврдуваат во конкретни износи (пр. од 50.000 до 250.000 денари за 13 вида прекршоци и од 30.000 до 200.000 ден. за десет типа прекршоци – или вкупно наведени 23 прекршоци).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одредбите на овој закон не се однесуваат, односно применуваат на самовработените лица. (чл. 3) Во законот е предвидено дека минималната плата изнесува 39,6% од просечната бруто плата во РМ за претходната година, а висината на истата е предвидено да ја одредува Министерството за труд и социјална политика по претходно прибавено мислење од Економско - социјалниот совет. (чл. 4) Надлежен за контрола при исплаќање на минималната плата е Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика. (чл. 5) Предвидено е дека доколку инспекторот за труд утврди неправилности сторени од страна на работодавачот истиот е должен да состави записник во кој ќе бидат утврдени сите неправилности и ќе му остави рок од 8 дена во кој рок работодавачот е должен да ги отстрани неправилностите и истовремено ќе му биде врачена покана за спроведување на едукација на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)