биде (гл.) - трпелив (прид.)

Само требаше да бидам трпелив и да чекам. Да дочекам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ние луѓето, сакаме другите да го сакаат она што самите го сакаме, и да го мразат она што самите го мразиме; сакаме складност со другите, но нарцисистичка складност, во која што ние ќе бидеме извор, а другите само нејзин гмечлив предмет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нивната порака за целната публика е “бидете трпеливи кон странците”, но на аналитичарите им кажуваат, пред сѐ, дека толеранција недостасува, а истрајното повторување на тие кампањи дека недостатокот е хроничен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но другарот Чапаев со истата сигурност како и на почетокот, продолжи: - И ние, денес, како победници над фашизмот, како носители на комунистичката доктрина, мораме да бидеме трпеливи и толерантни кон разликите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Затоа можеби и можеме да се согласиме со антрополошките претстави на првите сонувачи за секуларизирани политички уредувања, чиишто наследници сме ние.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Добро! Ќе бидеме трпеливи, мора да успееме! –рече Кире со машки глас.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)