биде (гл.) - твој (прид.)

Вечни љубовници Да можам уште еднаш да ја допрам твојата гордост... и да продолжам онаму каде застанав... да можам да бидам твоја душа, зошто мојата веќе ја нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Да можеш.... Да можам да бидам твоја сенка во мракот да те успивам и будам, во утрината и квечерината...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тој ќе биде твојот одговор. Разбра?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Особено стравуваш тоа да не биде твојот 'рбет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вината ќе биде твоја ако ти се случи да паднеш дури и во бездна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајко божја, ѝ говореше. Не ли сум јас престар за да бидам твој син и Исус?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се знаеме јас и ти од некое друго време.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ќе бидам твое засолниште. Во друг живот. На друго место.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
И јас се заколнувам дека ќе бидам твоја до гроб. (Му ја подава устата да ја бакне). Кога дојде?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ова е за твое добро. Ова сѐ ќе биде твое.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Само да ја мениш верата, тие ќе бидат твои. И сѐ друго што ќе посакаш, ќе ти купи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Девојката ќе ти посака леб и сол и после ќе биди твоја за век невеста, и мене јавна сестра.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа чу тој збор момчето, стана и појде в бавча, та скина три позлаќени јаболка, си 'и кладе в пазуа и се упати за долна земја да си иди дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Наместо да ме населиш во тебе, да бидам твоја крв, Ти од мене направи олтар Пред него секој да се моли - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
- Ќе има, реков. - Ќе има ливчиња, а од цветовите ќе се родат праски. Сето тоа ќе биде твое.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тогаш ѝ реков на Билјана: - Праскава што сега ја садиме, ќе биде твоја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)