биде (гл.) - спуштен (прид.)

Истите требало да бидат спуштени на теренот на мисијата на Самер. Оттаму т.е. кон Порече.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И штабот на Force 266 на 4 јуни 1944 година ја известува мисијата Brasenose дека според она што успеале да го дознаат од “прекинатиот сигнал“ од мисијата Conserve “Апостолски е во Северна Грција“ и дека ситуацијата на партизанските единици е многу лоша бидејќи им недостасувало муниција “и Бугарите постојано ги гонат“, а авионите чекале да добијат локација каде да бидат спуштени пратките.144 На 1 јуни 1944 година безуспешно се обиделе да ја преминат реката Вардар северно од Гевгелија поради нападот на германските единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Информирајте преку сојузничките офицери за врска, на време, за местата каде да ви бидат спуштени овие материјали.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Можеше сѐ уште да останува крај таа неуморна поројна вода долу, имаше во своето тело уште многу движења, што и беа потребни на бичкијата во она незапирливо дробење на трупците, можеа да продолжат да бидат спуштени на она место, каде што беа потребни, сите тие трупци, и сега, кога беа веќе сите наместени и наближени, тоа беше многу полесно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првите двајца американски офицери што го напуштиле Вашингтон на 10 мај 1943 година и биле испратени во Каиро за да се инфилтрираат во Југославија биле Џорџ Мусулин и Џорџ Вучиниќ, и двајцата, Американци од југословенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, по пристигнувањето во Каиро, во текот на јуни 1943 година, им било речено дека планот е променет и дека ќе бидат спуштени кај Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Само еден член од групата, капетанот Џорџ Мусулин, инсистирал да биде спуштен кај Михаиловиќ, а тоа и го реализирал во октомври 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште во средината на 1942 година, по наредба на генералот Донован, ОСС започнал да обучува една група млади Американци од југословенско потекло кои требало да бидат спуштени кај Михаиловиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ги гледав и си мислев: со која од вас ставени во една вреќа ќе бидам спуштен в море од високата карпа?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)