биде (гл.) - слеп (прид.)

Треба да бидеме слепи за да не го видиме тоа што е очигледно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што зависиме од една особена традиција и што сме обликувани со нашата национална припадност е факт пред кој отсега не може да се биде слеп, но тоа ни во еден случај не може да стане вредност за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зениците на малиот крадец се раширија уште повеќе; престанувајќи полека да бидат слепи, тие ги одлепуваа предметите од мракот сѐ додека не се задржаа на големата и таинствена каса на ќошот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден друг глас во мене шепнеше: - А како ќе живееш без место Леме, ќе бидеш слеп, сакат, несреќен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)