биде (гл.) - славен (прид.)

Џоди Фостер ми се смешкаше од нејзината фотографија спроти мојот кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја сакаше славата но не по секоја цена: Сакаше чесно да биде славен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Воздивнав: - Ќе се најдеш ли ти некогаш на некоја насловна страница? – си реков. – Ќе доживееш ли да бидеш славна, позната... како, како...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како малечка често се занесував дека кога ќе порастам ќе бидам славна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Колку би било супер мајка ми да напише роман во кој јас ќе бидам славната Каприција (родена – Бреза)!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Боже господи, биди славен во век и веков.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Претпоставувам, кога Шакира била мала, играла и пеела, сонувајќи дека еден ден ќе биде славна пејачка и танчерка. Го постигнала тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)