биде (гл.) - симпатичен (прид.)

Но тоа ни најмалку не му пречеше да биде симпатичен и пријатен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кид и Св.Витус можат да бидат симпатични мајтапчии, но и зли техно-силеџии. На една од нашите средби неколкупати го спомнуваа бројот на мојата кредитна карта и дофрлаа некои податоци во врска со моите родители. Ми нудат „целонеделен тест“ со кој директно ќе искусам како можат некому животот да му го претворат во пекол. Велам дека и без тоа им верувам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Како?” - прашува снисходливо актуелниот претседател на еврејската заедница кој стои пред Координациониот управен одбор за социјалните работи, зајакнат со Д-р Цви Корец кој е сѐ уште повратник од Виена и личност без функција и уште дванаесет видни личности на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе биде симпатично друштво меѓу стемнетите чифутски фаци.  Токму тие фаци и ги дочекаа него и подофицерот Мајснер во еврејските канцеларии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)