биде (гл.) - сериозен (прид.)

Сѐ додека поразот значи губење на независноста, или некој друг резултат кој се сметал како непожелен, мерките на претпазливост против поразот морале да бидат сериозни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаме право да бидеме сериозни и очајни, и истовремено, несериозни и весели”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не треба овде да си го испробуваме крекањето ниту да си ја вежбаме смеата. И на крајот се пошегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни советува да го свртиме вниманието на фактот дека “не може да се табуизира ниту еден момент или страна на бинарната структура, да речеме, на трагикомедијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа ѝ реков, онака, неодредено, дека овде на Алејава на великаните треба да бидеме сериозни, дури и внимателни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Па, некогаш кога тоа ќе ти се чини природно, прегрни ја, само биди сериозен и немој да изигруваш мангуп.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како да бидам сериозна, како да станам зрела и да ми биде гајле, кога сите ми викаат дека не треба да ми биде гајле.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)