биде (гл.) - свој (прид.)

Нѐ сметале за верни граничари, нивни воини, војсководачи, императори, ама никогаш да не си бидеме свои на своја земја!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе се вратам кога ќе бидам свој персонаж.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Фотографијата на Дишан од 1945 година од мене е оддалечена еден метар и ме гледа. Тој поглед им вели, особено на младите: Кој си ти? Што ни носиш?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Соколе се покорува како мало дете, сака да биде свој, а не може, има некаква безмилосна власт во оваа мала бела рака, што така меко го допира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Легнат на грб се обидував во отсјајот на мижуркавата светлина на канделабрите од улицата да откраднам искра од нејзините очи за да можам во играта, која не смеев и не сакав да ја одлагам, да бидам свој онолку колку што таа ме познаваше. Попусто трагав по таа искра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука, во оваа куќа ти си немоќен. Секаде можеш да бидеш свој човек, освен тука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите бои ги вапцавме остана уште аловата Ако запнеме уште малку секако ќе доучиме и да бидеме свои на своето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не можеш да ме измамиш. Биди чесен. Одговори ми со едноставни зборови, не со празни. Барај се. Најди се. Биди свој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)