биде (гл.) - рационален (прид.)

Сепак, било премногу доцна – Џон Лок веќе изјавувал дека дури и религијата мора да биде рационална, а Томас Хобс го толкувал лудилото како грешка во мислењето предизвикано од дефект во телесниот механизам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И покрај тоа, прифатилиштата за лудаци и натаму изгледале како мачилишта за злосторници: во двете најпрочуени, Салпетрије и Бисетр во Париз, болните биле чувани како животни, некои од нив и во подземни ќелии, со синџири околу вратот, по казна врзувани на столбови на срамот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ослободете го умот, отворете ги очите и ушите, бидете рационални, наслушнувајте...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)