биде (гл.) - одговорен (прид.)

Треба да се стори сѐ што е можно зависноста од дрога да се намали: со примена на подобри методи на лекување и, што е уште поважно, со решавање на другите животни проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Истовремено би требало, како што тоа го прават Холанѓаните и (посебно) Швеѓаните, да се инсистира на тоа наркоманите да се научат да бидат одговорни за сопствените животи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ти ќе бидеш одговорен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сакате да мислите така, па добро, ама тоа не е точно, никогаш и не било, само што жената немала избор, ни излез, морала да ја сузбива својата сексуалност и да биде одговорна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие двајцата само што не зинаа од чудо кога го изговорив ова, а брат ми рече: - Можеби ти не можеш, јас да!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па, ние сме само деца и не можеме да бидеме одговорни толку многу самите за себе?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа мора да се бара државата да биде одговорна, не за издржување на авторите, туку за јавната инфраструктура на читање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Второто навраќање на Боге од Бањи, само за да проверел колку ми напреднала работата, го искористив за да му го соопштам моето мислење дека изгледа токму бабите се најдобро информирани за однесувањето, дејствијата и последиците на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За сите други податоци препорачувам да му се обратиш на Боге од Бањи бидејќи и самата знаеш дека тој е нарачателот а можеби ќе биде одговорен и за погребот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кој може да биде одговорен за неа?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)