биде (гл.) - негов (прид.)

На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Изгуби, а тој избор можеше да биде негов нов личен триумф.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со таа дива билка што ја чувствуваше како да ѝ расте во грлото и во градите, таа ја пречека окупацијата.  Одново и одново: Ечи Жешов од човечки гласови и звуци под пролетната сончевина на фриволниот ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако не му се бендисува на некого нека не се придржува, но и последиците ќе бидат негови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој беше доволен и од тој редок оброк, Велика да биде негова макар и на една — две недели, и да си живее во изобилие, отколку да мизерува и без никаква женичка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ошче утре ќе бидите мои госје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За некои од нас, многу, јас засекогаш ќе бидам негов должник, сепак ослободен од секаква грижа на совест, бидејќи Ворхол ниту живееше, ниту работеше, ниту страдаше, ниту умре за мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Темниот гламур на нејзината френезија за нас беше амблем на возможна сатурналија - како визија за робови во улога на господари, за американските книги, филмови и слики и музика, сѐ заедно, одеднаш, во прекрасна збрка, вон секаква трезвеност и непорочност, лудило или симпатија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако некој може да ги консултира останатите и да учи од нив како да расудува, конечната одлука дали да прифати извесен заклучок ќе биде негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И колку, за среќа, таквата културна реконструкција, потребна светот да биде безбеден за Енди, била толку масивна и длабока (повеќеслојна) што, речиси ненамерно, тој направил и нешто за сите нас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На ист начин за Кант секој морален чинител треба да биде автономен легализирајќи го моралниот закон независно за себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, нивните процеси на расудување треба да се извршуваат индивидуално.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе пати пред да бидат исклани стопаните на Имотот, Арслан бег, лично нему, на татка си, му докажуваше дека султаните не прават добро што толкав имот отстапуваат на христијани, дека, по правидна, Имотот треба да биде негов, Арслан бегов, зашто тој со крв го заслужил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му порачав на ангелот свој кон себе да ме повика кога деновите ќе бидат негови, со одброен број.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ѕидната конструкција на кулата му личеше на гробница, и таа мисла му потона во срцето, дека во таа гробница, заедно со сенката на својата невеста, ги закопа среќата и спокојството на душата, кои можеле да бидат негови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Твојата омраза никогаш нема да биде повредна од твојот мир.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
24. Не претерувај со вера во вистината; нема човек кој на крајот на денот не лажел, со причина, многу пати.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
19. Не го мрази непријателот свој, бидејќи ако тоа го правиш, на некој начин ќе бидеш негов роб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
20. Ако ти згреши десната рака твоја, прости ⥊ ти си своето тело и ти си својата душа, и тешко е, или невозможно, да се одреди границата која ги дели...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така, според „Мојсеј и монотеизмот“, не биле Евреите избрани од Бог, туку од Египќанецот Мојсеј: „Нив ги избрал да бидат неговиот нов народ“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Од Павле, во служба на Исус Христос, повикан од Бога да бидам Негов апостол и да ја проповедам Радосната Вест.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога и тој ве повика да бидете негов свет народ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многу лесно тоа можеше да биде неговата нога, неговата натколеница, беше среќен што не беше таа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го зафати желба да ја види час поскоро гредата што требаше да биде неговиот срамен столб.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Индивидуалните уметнички дела треба да го надмавнат Volksgeist- от, а не да бидат негов израз.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас да бидам неговата животна сила и инспирација, а тој моја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Посакувам да ме земе некој, да бидам негова засекогаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но каква можеше да биде неговата иднина, нашата иднина?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој пепел ќе биде неговото признание.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Немаше начин да се дознае чија верзија ќе биде конечно прифатена, но беше длабоко уверен дека тоа ќе биде неговата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По смртта на старците, сѐ ќе биде негово.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ова требаше да биде неговиот реванш на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаеше дека гостилницата ќе биде негова територија.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Леонид: Гордост е да се учителствува тоа е убава и чесна задача, но јас ќе бидам негов воспитувач и водич: Ќе го сторам најмудар и најсмел, затоа што смелиот е подобар во сѐ.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кога ќе собере многу, ќе му ги однесе на шоферот и автобусот ќе биде негов.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)