биде (гл.) - наивен (прид.)

Разбирливо, беше свесен колку неговата помисла е дури и повеќе од бесмислена и тоа му стана толку смешно, што речиси гласно се насмевна, а кучето ја заниша главата, трепна со очите и на господин Гроздановски му се пристори како тоа сожалувачки да му рече, „Не биди наивен!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господине, Требаше да бидам наивна за да си замислам дека би можела, како што ви реков, да продолжам да ви пишувам без да правам алузии на немирите кои избувнаа во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе не можеме да бидеме наивни и да се надеваме дека граѓанските партии кои се органски врзани со крупниот капитал ќе бидат застапник на ниските слоеви.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во врска со тоа ќе ви испратам еден напис што деновиве се појави во дневникот Ле Монд.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)