биде (гл.) - ист (прид.)

Што од тоа? Зар можат и зар мораат сите да бидат исти?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нашите вредности и принципи не можат да бидат исти со деструктивните илузии за чесност и праведност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, помислата на долго сонуваниот сон, никогаш не заборавен ме исполнува со топлина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Времето ќе го промени секој од нас, па како може да очекуваме да бидеме истите како пред тоа кога бевме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За гледиштето на МекКинон дека “мажите се такви какви што се бидејќи тие имаат моќ” и дека “жените кои ќе ги наследат машките форми на моќ во голема мера ќе бидат исти такви,” (види MacKinnon 1987, 220). 10.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вистина е дека веројатно никогаш повторно нема да го почувствуваш истото, зашто тоа било тогаш и тие услови никогаш нема да бидат истите.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа, земаат уште една. Пак не е тоа. Па уште една.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исправена во задниот дел од камионот, таа не ги симнуваше очите од Јаков, нервозно местејќи го немирниот прамен, оној што го тргнуваше со занесни зафрлања на главата, секогаш кога водеа љубов во нејзината спална соба во оваа куќа во овој град, кои – Јаков добро знаеше - никогаш повеќе нема да бидат истите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се колнам, во најголемиот број примери тоа да ти биде истиот, тој што грабнал и тој што чувал. Проклет да бидам истиот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А сакав да сјаам, да блескам, да бидам иста, но тагата данок зема, без таква судба блиска...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
– Мислам дека никогаш веќе нема да бидам иста. – Сега сето тоа е минато – ѝ рече тој, милувајќи ѝ ги со врвовите на прстите крвавите лузни на лицето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со шеговит глас, соодветен за големи измислици, ѝ ја раскажа ублажената верзија на нејзината дијагноза. – Тоа значи – заклучи – дека ти недостасуваат уште неколку дена за да оздравиш целосно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)