биде (гл.) - затворен (прид.)

Туку мораа да бидат затворени со две чкрипнувања на бравата и во четирите ѕида“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ете зошто Гете ги повикуваше поетите, уметниците и мислителите да исчекорат од националните рамки во кои, соодветно на барањата на Хердер и неговите ученици, требаше да бидат затворени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од непопустливиот став на Алзашаните тој заклучил дека никој не може да биде затворен во принудните меѓи на својата припадност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
МИМИ: Па излези надвор и нема да бидеш затворен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Со заминувањето на Чана, особено на Дончо малечкиот, Мурџо си заминува надвор пред да биде затворена вратата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Ќе бидете затворени во подрумот, - избезумуваше Оливера Срезоска, помошник управителот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Лежев будна цела ноќ, и ги замислував нејзините ноќи, се обидував да ги слушнам тие ноќи затоа што мракот го голта она што може да биде видено, и ги слушав криковите кои ја распаруваат темнината, ги слушав оние кои се осудени да бидат затворени со своето лудило и да го мешаат со туѓото лудило: некој глас ги довикува своите деца, некој глас кажува дека гори, дека пламенот го зафаќа телото, го слушав и зарипнатиот глас на една жена која повторува како го убила својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во сите тие гласови го немаше гласот на Клара Климт, во криковите на тие ноќи кои се прелеваа едни во други и се нижеа во години, во моите обиди да ги чујам нејзините ноќи, Клара остануваше нема, Клара копнееше по тишина, Клара сакаше само едно малечко парче од овој свет во кој би можела безбедно да ја свие главата и да преноќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Козарите ќе бидат затворени, не сите, се разбира; за пример ќе се земат најборбените, непомирливите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)