биде (гл.) - виновен (прид.)

Ги гледа колите низ прозорецот (’ко-ко’), мобилниот ѕвони во другата просторија, за миг го оставаш, и додека се враќаш замислуваш дека го нема, дека се наведнал и паднал, и дека ти ќе бидеш виновна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со тој брак, ние всушност (јас и Земанек), се убедувавме дека не сме згрешиле што сме го избркале Јан; оти тој брак реално постоеше, и беше знак дека се сакаме; а ако се сакаме, тогаш не можевме да бидеме виновни за тоа што немаше место за трет во тој наш свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред сè, другари, ние сме одговорни пред историјата и географијата на нашата планета, да не бидеме виновни за запирање на, со милиони години, стариот пат на јагулите од овие благи езерски води, до морињата, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да бидеш виновен за нешто што не си го направил.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)