биде (гл.) - буден (прид.)

А ќе можеме да бидеме будни и до десет навечер и во сабота ќе можеме да гледаме по два филма наместо еден.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го растегнуваше денот колку што можеше повеќе и ја растегнуваше вечерта, само за да биде буден и присутен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Си спиел ли, Оче Симеоне, со Јана? Не, ние знаевме да бидеме будни до ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
СИМОН: Па зошто морам јас да бидам буден за тој да пие ракија?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја здогледаа Паца која ја имаше префрлено раката врз шефот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Способноста да бидат будни кога сите спијат ја наследија од своите татковци или самие за тоа беа обучувани во специјални училишта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Климе нè извести да бидеме будни и да стражариме во собата и è праша: Кој ќе се јави доброволец.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не одморајте, не заспивајте. Бидете будни и на штрек, удвојте ги стражарите, утројте ги доушниците, ѕиркачите и пазачите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)