биде (гл.) - благодарен (прид.)

Повеќе не се нервирам, решив да преживеам. Гледам како малите тивки патриоти ги преместуваат кириличните книги во подрумите, на своја рака, се разбира, но еден ден потомците ќе им бидат благодарни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да научиме да бидеме благодарни за сѐ, да го живееме животот со сензибилитет, со страст да љубиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не би ја сменила мојата болка за лажна среќа, болеше, бев разочарана, плачев хистерично, чувствував неподнослив страв, беспомошно се обидував да го смирам скршеното срце, но смиреноста дојде насекаде околу мене, сега се е богатство од спомени, тоа сум јас денес.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Избран ли е наврапито, избран ли е со некаква злоба меѓу толкумина други, или пак со него валијата, сметајќи го за слабак, одново си поигрува ликувајќи, за да му каже кој е заправо тој, не она што мисли, па да го понижи, и да го примора уште еднаш на покорност и спремност да биде благодарен на сѐ?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Можеби ќе треба да му бидеш благодарен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Па тој и направи за тебе да сонувам цел живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе ви бидам благодарен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако си уверен дека не сум измамник длабоко ќе ти бидам благодарен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И зошто на човек да не му бидеш благодарен ако ти направи некое такво добро.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако не погодите, јас ќе ве земам вас, вашето тело и вашата душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Изгледаше дека зборовите на добродушниот брат ги зеде како шега. – А за вратка, ако погодам, многу ќе ви бидам благодарен за овие расцутени растенија. – Добро. добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)