биде (гл.) - роб (имн.)

Сите други се создадени да ѝ бидат робови на таа нација. Да ѝ слугуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кај новите господари и со јазикот и со душата ќе бидеш роб, па дури ако станеш негов кодош и шпион.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Асан-бег се качи на белиот коњ и пред да тргне, му рече на дедо: - Збогум каурине, збогум човеку и уми никогаш повеќе да не бидеш роб...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зошто мислиш дека не треба да се каже оти на твојата мајка дома ѝ помага Нерка, затоа што помош ѝ е потребна и затоа што твојата мајка мисли дека жените не мора дома да бидат робови, ако имаат шанса да не бидат...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А кај одеше Толе ноќе, и со недели, тоа тој и Мачникот знаеја. Co овој свој план Толе веќе му се слизна од рацете на Адема, и како што се колнеше пред татка си и стрика си, дека тој не мисли довек да биде роб, ете го, веќе го фрли јаремот на ропството и летнаа како сокол во слободен простор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)