биде (гл.) - писател (имн.)

- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Престанав да бидам писател, зарем не, за да станам хроничар.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако сакате да бидете писател треба да ја заборавите политиката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или подобро кажано, бев убеден дека сум писател, како нив, и дека моја должност е, нужно да станам тој писател.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сакав да бидам писател.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа јас верувам дека таа моја вокација е одговор на татковото наметнување.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес сигурно знам дека таа вокација во мене ја поттикнал мојот татко затоа што самиот сакал да биде писател, но судбината го одвела во друга насока: стана адвокат и професор по психологија...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но може ли литературата - потфат чијашто цел е да го обликува внатрешното гледање на својот творец - да биде пренесувана од татко на син?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Синот ќе ги спроведе во дело татковите ностварени желби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во едно подоцнежно интервју, тој опширно зборува за судбината што му е доделена: “Мислев дека сум роден за писател, но сега гледам дека не било така.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од мене се очекуваше да бидам писател”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)