биде (гл.) - жена (имн.)

О, каква противречност: да бидеш жена, начело на плодност а да носиш негативен, пасивен предзнак, архетипски минус ритмични инсерти од смрт и од живот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но кога таа ми објасни дека не можела да поднесе да биде жена на човек кој станал кодош, слуга и полицаец на туѓинска држава, каков што беше и оној кај нас Црн Киро, не можев а да не ја оправдам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во оваа соба јас ќе бидам жена, а не партиски другар.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, ти ја оставам најмалата ќерка да ти биде жена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Кажи ми дали ме побара да ти бидам жена или робинка?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој сака да бидам жена со свое јас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можев да ви бидам жена, бидејќи од жени се лишивте дента кога во затворот е оформена бандата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
По пауза, полека се сврте кон неа во постелата, со дланката ѝ го обложи голото рамено: „Зарем не знаеш колку многу сакам да ми бидеш жена...“ ѝ рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)