биде (гл.) - желба (имн.)

Препуштете се на ветрот на животот, едра нека бидат вашите раширени раце, спремни за секаков предизвик, бранови нека бидат желбите на душата, а брегови вашето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога љубовта ќе ве најде, пуштете го сидрото, спокојно легнете на нејзините гради, таа ќе ве чува, ќе ве храни, таа ќе биде вашиот мирен дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)