биде (гл.) - дел (имн.)

За да не те столчат, за да не бидеш дел, што би рекол Конески, од смачкано племе, треба да покажеш дека имаш заби, всушност, дека знаеш да му вратиш на секој што ти удира шлаканица.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Поинтересно ми е да сум во улога на коментатор отколку да бидам дел од целата таа игра во која постојано се губи или добива.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И повторно судбината или за оние што не веруваат случајноста на моментот, иако во ништо не се разликуваа, ме присети на стихови одамна напишани...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го загуби ја ли патот до дома, заборавија да бидат дел од светот, не припаѓаат некаде и некому, всушност тоа е и единствената причина зошто се плашиме од осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите сме фрлени во овој несовршен, енигматски, интригантен свет, без каење тргнуваме во потрага на судбината, без никој да не праша дали сакаме да бидеме дел од непознато патешествие наречено живот чии крај е смртта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти би можел, како сите ние, да бидеш дел од нашиот историски процес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Инаку да знаеш моите роднини секогаш ќе бидат дел од мојот живот, тие ми се крв, ама ти веќе никогаш нема да имаш место во него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но, јас не ќе можам да ја поведам во тој свет, да бидам дел од нејзиното полетување и лет ниту да бидам ковач на нејзината среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да бидат дел од нудистичките плажи на Грција, запалени тинејџери во диската со два пати помладите од себе. Едноставно, да бидат откачени за својата возраст и ум.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За одбивање да бидат дел на фарсата, блиските можеа лесно да страдаат, да се најдат во нов круг на внатрешниот пекол. Кутрите мои. Кутриот јас!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наскоро, ќе бидам дел од нив, крута и Неподвижна, исто така.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа уметност, која одбива да се декларира како народна, е подложена на жестоки напади: се вели дека таа уметност (меѓу која и џезот, авангардата, постмодерната) е „културолошко труење со предумисла“, дека е „доволно смешна за да биде дел од паузата на народните приредби“ (повторно мислев на Луција), па се прогласува таа за производ на болшевизмот, односно комунизмот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаш филинг дека доживотно ќе бидат дел од тебе.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Таквото искуство се наоѓа себеси во едно фино ново Она што луѓето ќе го продаваат во место - помеѓу уметност, иднината нема да бидат делови од наука и игра.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Веднаш на почетокот јасно знаевме дека не сакаме да бидеме дел од академскиот свет, не сонувавме за докторати, секогаш се сметавме за теоретичари вон универзитетот, што не е лесно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Диши слободно, вика Никифор, пју либераменте, кос, кос, дишењето остави им го на стомачните мускули, исправено, исправено, многу влечеш на вибрато, така, така, вели, и дишењето треба да ти биде дел од музиката, не стегај ги прстите, вели, треба да допираш, како некого да будиш, вели, тонот треба сам да ти се јавува, да ти се оѕвива...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)