биде (гл.) - господар (имн.)

И кога повторно го крена семејството на нозе, неговите синови пораснати, и можеби моќни како тој во младоста во Цариград, му понудија со малиот фиат 750, купен со заеднички средства, произведен во Југославија, според италијанска лиценца, да го одведат во Турција, тој со блага насмевка која освојуваше, само им рече: Синови мои, зар да се вратам како ритач во градот кај што можев да бидам господар!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште вечерта го подолнив првото од ливчињата што ги спремив за анотации: „Да создадеме човек... кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ти кој ќе бидеш Господар на мојата апокалипса. Ти мора да знаеш...
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Да бидеш господар на една земја и народ е исто што и да седиш на терезија со два таса. Едниот тас е џенетот, а другиот џенемот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)