биде (гл.) - таков (зам.)

А за да биде такво, треба со општа согласност да се избере едно наречје за општ македонски литературен јазик. 158 Согласност ќе има, ми се чини, само ако секој од нас прави избор не по некакви естетски мерила и не по чисто месни причини, ами од гледиште на општите интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нормата ја натфрлуваше секогаш, ах, никој не може да достаса Невена, а сите сакаа да бидат такви.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ина на трапезот изгледаше сосема природно, како ниеден ден да не посветила на техниката или вежбата; немаше причина да не биде таква и во кревет. Имав и куќа: шатор небесен. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имено Мечев во хотелот “Вардар“, каде што отседнал Даме, отворено му рекол дека Гемиџискиот кружок бил против масовно востание, затоа што сметал дека тоа не можело добро да се организира при тие услови и затоа што резултатите од едно такво движење ќе бидат такви што населението горко ќе настрада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Ами вие, бре, рисјаните, велите дека на Турците им смрдела душата. Сакаш и ти да бидеш таков?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа сакам и ти мораш да бидеш таков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но ти ме тераше, Марија, да бидам таква пасива.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да заборават на своите сопствени деца?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како можеа да бидат такви?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во ниеден случај не сакам да бидам таков, немам желба кон тоа, сакам само да бидам непознат старец.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И оваа сигурно требало да биде таква!?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Кога жената работи на работа, а потоа продолжува да работи по цел ден дома, тоа е еден вид ропство, - се насмеа мајка мми и додаде: - Не сум, и не сакам да бидам таква, а тоа не смееш да го сфатиш како нешто лошо, и да се срамиш од мене заради тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не биди таков, фатер Бен, не биди таков.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но сите братски и другарски, ме тешеа. - Немој, Јоле, не биди таков! Што ти е гајле - таа е од дедо ти...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Несвесно, за да бидат такви, придонесуваме ние, возрасните.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)