биде (гл.) - ми (зам.)

Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ги слушам чекорите на џелатот во темничниот ходник. Биди ми горчлив сведок!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Биди ми ден кога е ноќ за да сум среќна во него... биди ми сон кога сум будна за да ми бидеш реалност... биди ми збор кога животот ми тежи... допир за да те чувствувам мисла за да не заборавиш една случајност...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Биди ми сѐ како што јас сум за тебе сенка која ќе те следи и во мракот.. Зошто едноставно Ти си Ти...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)