биде (гл.) - заштити (гл.)

Таа е суштинска црта на човековата екологија и затоа треба да биде заштитена од слепите сили што ѝ се закануваат од сите страни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Доколку не прекршуваат ниту еден закон, а не сакаат да бидат овде, тие имаат право да бидат слободни,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Затоа што законот наредува полудениот да биде заштитен од своето лудило, и нормалните да бидат заштитени од лудите.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)