би (гл.) - постои (гл.)

Па едно будилниче, кога сега би постоело на колибата, добро би можело да послужи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што би правеле кога и таа не би постоела.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога би постоеле можности за искористување на ваквите состојби кај човекот, љубовните вредности на Јана веројатно ќе можеа да покренат и турбини и машини. - и Зрновски се засмеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да има такви како Тарас не би постоел ни Керим-бег, ни Рифат јанќесеџијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)