бележи (гл.) - време (имн.)

Март е, пролет, време кога на календарите се бележи времето и празниците посветени на радоста и на обновата на природата, а не време за замолк, не време на смрт...  Во главата (што му е?) непрекинато му одѕвонува тажното мане изведувано на ут од сефардската песна „Примавера ен Салонико”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Единствено сега можам Од денес па за навек цолза да сронам за сѐ во животот што не сум сфатила Ако, некогаш утре ја здогледам пак твојата трага што мирно ме следи прикриена, но драга кутрото твое суштество што не знае за тага нема да забележи дека љубовта наша е веќе остарена Заб бел лежи, го бележи Времето и злото А бремето тежи во ова бремено утро што тебе те раѓа за појасно да видиш – она што вчера било засекогаш во заборав паѓа А она што денес не си те молам биди...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Стивнати хакхами мислат на одведувањето на Израилот во вавилонското ропство и на повторената судбина, барајќи со сета моќ на своето примерно духовно поимање, среде општиот очај, викот и пискот - причина за суровиот гнев на Севишниот, додека хазаните, псалтирите при синагогите го мислат кадишот, молитвата за умрените што, чувствуваат, отсега натаму ќе биде непрекинато кажувана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)