бега (гл.) - по (предл.)

- Назад! – викаа – враќајте се и бегајте по патот што води за Пероо и од таму кон Нивици, Орово и Граждено.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа се качив на Дорчо и летнав да бегам по друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Угарта црнее, воловите бегаат по бразда, небарем штрколот ги брка, а тој едвај се гледа по нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гусакот, осамен и плашлив, ја напушта барата и бега по тесниот канал.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како што чуварот ме здогледа така истовремено вресна и прсна да бега по ходниците викајќи: - Вампир! Вампир во Парламентот! Ај анасана!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Петелот првин изгледа зачуден, но потоа како да сфаќа нешто, истрчува и почнува да бега по скалите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога слегоа во дворот, забележаа човечка прилика каде што бега по сокакот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)