бега (гл.) - низ (предл.)

Бега од неговата прегратка, бега низ широките скалила и една чевличка ѝ паѓа од ногата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Му реков на Тодор: "Сега кога чувствувам дека го губам Бојан, како да ми бега низ прсти, сега кога ми е толку тешко на душата, можам да помислам низ што сè ти помина и како ти било кога почина Мина" Тој ми одговори: "Само јас знам низ што сè поминав".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нејзиното тропање исплашило двајца Евреи што биле близу и тие, мислејќи дека пукаат бомби, прснале да бегаат низ градот ширејќи ја неточната вест.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Откако бев во Индија, научив во сè да верувам и ништо да не ме чуди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку и да се трудиш да ги сфатиш и да ги разбереш, тие постојано ќе ти бегаат низ раце, како вода или како ситен песок меѓу прстите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе се зададат авионите и народот ќе прсне да бега низ шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
При сѐ што толку го проучувате човечкото тело, што ни еден посмртен прдеж не може да ве одмине незабележан, сепак има нешто што ви бега низ прсти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кој тргат толку мака?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Списка жена, како некоја лута змија; трешти да бега низ куќа, трешти да бега од куќа надвор, трчај мажот по неја и удри, трчај и удри, суди а со тие зборои, ѓоа метлата ја судит..
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Као да чина, бре браќа? - им рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Морав да бегам. Бегав низ ливадата, а тие сѐ повеќе и засилено врескаа и трчаа по мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дотрчаа со Андро, и ги видоа како бегаат низ бавчите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тие, со капите в раце, бегаат низ полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На крајот со пиштење ќе прснеш да бегаш низ врата, надвор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бегајте низ кавезот звучен глуво и безнадежно.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)