бега (гл.) - кон (предл.)

Стрчнуваат измеќарот и кметот да го фатат, но тој со сета сила бега кон селото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од сеништата бегам кон сеништата стасав претворен во оној долап што беспрекин се врти и чека да заросат води и браздата да вјаса и скелетот на тркалото повторно да сее пее и 'рти.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
21. Бегаме кон Мала Преспа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој рече дека ја видел таа сенка на ѕвер или на арамија: бегала кон нагорнината на ридот зад урнатиот манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бев дораснат да сфатам дека суровоста е правдина на обесправени луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега старчето како да имаше чурилка: ја криеше својата сенка, чиниш сака да ископа желад со дерачи или со секачи а копа со коленици: не се извлекува туку бега кон гнилост на лисја, на мртви корења, брза да се сокрие пред некој да му фрли самар врз козинавиот грб и со занес на пијан јавач да го потера кон бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Болниот од жолта јанѕа со ѕвечави заби раскажа дека некоја сенка со ѕверско тргање му го грабнала парчето месо во кое и не загризал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Незабележливото заоѓање на сонцето им ги продолжувало сенките меѓу кои лежела меѓа на два света.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Далеку зад нив се давела во синевина преголема бела и многугрба камила со куси нозе; слабината ѝ пукала, се отворала: тоа разретчен облак бегал кон лилаво распливнување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние не отстапувавме и сѐ повеќе се собираше народ, запрежни коли, говеда, кози, овци, запрежни коли и товарени магариња... – Назад! – викаа – Назад! Наредба е да бегате кон Пероо!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе бегаат кон Америка, решиле, реков.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Чекореше Јагулче Дримски, кога му идеа овие мисли, крај реката, гледајќи во водите јагули, предавници, што бегаа кон запад, по тактот на еден од маршевите на победата, потсвирнувајќи, за да си го забрза чекорот, повторувајќи го постојано стихот Уз маршала Тита у нов бој...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
После ја спраштуваат назад. Сега тие бегаат кон окопите свои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си зборуваме со Григора, а очите ми бегаат кон ќерка му, Левтерија, застаната пред маските.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)