бев (гл.) - чудесно (прил.)

Колку и да можеше да се претпостави некаков патријархален диктат од негова страна, беше чудесно и благотворно да се почувствува колку многу ја почитуваше тој нашата индивидуалност, како во ретко кое друго балканско семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Погледот од светлите, непродорни темно кафеави очи и беше чудесно бистар и радосен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му беше чудесно при рака.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше чудесно свесен за положбата во која се нашол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оставаше впечаток дека го контролира секој збор. Секоја постапка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За мене часовите со неа беа чудесно отворена врата кон вечната француска литература, но и повод, да $ се исповедам на француски јазик за текстот, за моето пишување, за моето семејство, за мојата судбина на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Денот „Д” беше чудесно убав. Дар на природата. Никогаш поубав ден. Ден вреден колку еден живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Какви необични работи знаеше татко му она време кога за него беше чудесно да се врти на столот и да го гледа насмеаното лице на тато!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Очите ѝ беа чудесно спокојни, длабоко доверливи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)