бев (гл.) - чисто (прил.)

И така Револуционерниот комитет беше чисто македонска организација по произлез и по неговиот состав, но тоа беше само работа на еден дел од една од македонските националности, врзана по име и по црковно-училишните работи со бугарскиот народ и држава и нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ниту едно чувство не беше чисто, затоа што сѐ беше измешано со страв и со омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Средствата за достигнувањето на оваа цел беа чисто културни, па сепак и овој план ние не успеавме да го реализираме, бидејќи приврзаниците на идејата за „голема Србија“ го кренаа и против него својот влијателен глас”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По улицата под авлијата беше чисто од војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сети се како сѐ беше чисто душата твоја недопрена цела, само лисје под стапалата боси...
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога се врати Татко, сѐ беше чисто. Раскренато. Ставено на свое место...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во куќата беше чисто и удобно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Надвор, зад високите решетки, небото беше чисто и ослободено од влага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)