бев (гл.) - често (прил.)

Таа беше често отворена и за емигрантите од нашите краишта кои пребегнале преку ѓаволски затворената горница во почетоците на сталинистичките времиња, со намера да заминат во далечните Америка, дури и Австралија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трагајќи во по исчезнатите и живи османизми на Балканот, тој беше често обземен од идејата за испрекинатиот, дури и непостоен континуитет на османско-исламската цивилизација во однос на западноевропската.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не може да ги разбере чудните стари играчи со отсутни мисли, но толку присутни во играта, вешти, превешти во ракувањето со картите зашто не играат на добивка кога таа им беше често гарантирана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги читаше и проучуваше делата на Авицена, односно Ибн Сина, роден во 980 година, во Бухара, голема фигура на универзалната мисла и лекар со најголемо реноме во своето време и делата за Авероес, односно Ибн Рашид, роден во Кордоба во 1126 и починат во прогонство во Маракеш во 1198, познат како андалузиско-арапски поет, филозоф и физичар, основач на филозофската школа авероизам, се обидувал да ја обедини филозофијата на Аристотел со исламот, застапувајќи ја тезата дека не постои никаков конфликт помеѓу филозофијата и религијата, туку само различни начини да се дојде до вистината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тие денови нашата куќа беше исполнета, се пееја до доцна во ноќта, прв пат, во целосен состав, дури и старите четиригласни полифони песни не само од родниот крај туку и од подалеку, од југот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овде беше често менувањето на верата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Мајка имаше и своја „грчка љубов” која се роди во душата во раните години на нејзиниот живот и која содржеше лични тајни кои беа често во расчекор со Татковото поимање на балканската историја...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зар не ни беше често спасот во местата кои водат низ патот на одбегнатата судбина?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко беше често отсутен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)