бев (гл.) - цврсто (прил.)

Трпел Трпе од Трпејца многу срања и празни трпези, но беше цврсто одлучен да остане во смрадот Скотје по секоја цена.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше безнадежно, секој дел од неговото тело, дури и главата, му беа цврсто стегнати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му го опиша, како самата да го видела или да го почувствувала, вкочанувањето на телото на Кетрин штом тој ќе ја допреше, начинот на кој таа како и понатаму да го оттурнуваше со сета сила дури и кога нејзините раце беа цврсто обвиткани околу него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рада и Ѓорѓе одвај ги размрсија рацете кои само до пред малку беа цврсто врзани.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо беше цврсто решен, без разлика на својата здравствена состојба, докрај да го одржи и спроведе ветувањето дадено на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не, не, и не! Токму заради таа вест Јана беше цврсто решила зад себе да остави трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја слекува кошулата и гледа телото нагло му остарува: кожата ожебавела, капиларите пукаат и оставаат бенки како од капнато мастило; му омлитавува телото кое некогаш беше цврсто, набиено, кое пукаше од здравотија, а кожата затегната и светла како кај пеливан; во тоа тело и Стела и Аниса и Хера и Марија ги зариваа забите како да сакаа да го раскинат; и секоја на свој начин се воодушевуваше и му го фалеше телото како да не им беше важна душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вдлабнатите очи му гореа под веѓите, кои личеа на стреи, коцкестата брада со расцеп му беше издадена нанапред, а кожата на безмесните вилици му беше цврсто оптегната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секогаш сув, и со истанченото и аглесто лице, на кое кожата му беше цврсто оптегната, сега изгледаше опустошен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но мрежата на кокошарникот не беше скината, а вратата беше цврсто затворена со резето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вчера тој живееше во мир со самиот себе, го контролираше својот живот; неговиот свет беше цврсто закотвен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Телото му беше цврсто градено, беше секогаш румен во образите, како да пука од здравје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако проѕирна, вратата беше цврсто затворана.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Времето бавно, бавно минуваше.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Речиси сите чекачи, дури и додворувачот Сириец, седнаа, со патните торби кај себе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако проѕирна, вратата беше цврсто затворена.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во одајата негова немаше чаша, ни клучот златен од тезгата од пазарот во Дамаск го немаше, оти тој беше цврсто забиен во клучалницата на гревот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, беше цврсто решен - нема да им дозволи да го предомислат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Канџите, што беа цврсто закопани во палтото, јастребот не можеше веднаш да го ослободи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми беше цврсто уверен дека една идеологија, токму верата, му е доволна на човекот, на човештвото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, сите присутни беа цврсто убедени, а тоа повеќепати и го нагласуваа, дека козарите, кога ќе видат што ги чека, во најкраток рок сами ќе се откажат од козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се обиде со рацете да ги размрда железните прачки на прозорчето, но тие беа цврсто заѕидани во ѕидот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се доближија и пак тргнаа на плетенките што беа цврсто врзани.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Татко беше цврсто уверен дека секоја победа всушност создава нови јаничари.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сѐ одишуваше со преголема чистота, сѐ беше цврсто, тврдо, метално.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еден миг подоцна, телото беше цврсто сошиено, засеците беа покриени со восок, излекувани околу вратот и грлото и по черепот — совршено, свежо и ново.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Нешто му е случи на мојот камион“, јазикот му се движеше суво помеѓу усните, а очите му беа цврсто затворени сѐ додека не стана црно и немаше никаква светлина и беше како кога стоиш сам в соба, тукушто станат од кревет, сред мрачната ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)