бев (гл.) - страшно (прил.)

Само зборот да го запаметам па ќе видиме после, ќе се сетам на неговото значење, на тоа зошто ми беше страшно важен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Си мисли: „Леле, колку беше страшно. Никогаш... никогаш повеќе!“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ВЕРА: Кога пак тато умре и беше продадена нашата куќа и бавчата, мене ми беше страшно навредливо, што некако како додатно се продава и сѐ, сѐ што беше во аглите на куќата и на бавчата потшепнато, на шега кажано и проплакано.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нејзе, сега, телеграма од домашните, со честитање за синот, ѝ беше страшно многу потребна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но сепак беше страшно: или, уште поточно, беше како вкусување на смртта, како да е малку помалку жив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Самјакот, сиот крвав по целата страна на левото бедро, сега се судруваше очи в очи, и тоа беше страшно, но беше и право.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чувствував на прстите од нозете, змиски трпки, отровни до смрт! Не, повеќе од смрт... Боже ова беше пострашно од смрт...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)