бев (гл.) - случајно (прил.)

Да не беше случајно упатен во сите овие поединости М.Ѓуров немаше да му го постави на секретарот Јаким она глупаво прашање за златото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не бев случајно во Ардените, ниту пак случајно овде ме донесе мојот земјак Христов.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беше случајно. Ме опијанија пријателите. Игравме карти цела ноќ. Пред зори испив литар ракија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не беше случајно што мотото на фалангистите гласеше: „Viva la Muerte!“ („Да живее Смртта“).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Тоа беше случајно“, му рече помирливо, нерасположен за расправање. „Не сакав тоа да го сторам.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И според Татко, не беше случајно што на челото на новиот проект на иднината стапуваше еден нов диктатор - еден нов јаничар, каков што беше Сталин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)