бев (гл.) - преполн (прил.)

По неколку дена отидов со Лима на кафе во Кафулето покрај езеро беше преполно со згодни млади тела свежо искапени и светнати со масло.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кај добар учител падна... си мислеше доктор Коста на другарувањето на својот син со Бојан, а родителското срце беше преполно со радост и гордост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите овие шумови мораа да бидат снимени во ателјето во исто време, а ателјето беше преполно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нејзиното писмо беше преполно со живот, надеж да се дооткрие вистината на другиот како сопствена судбина и утеха.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На станицата беше преполно патници и нивни пријатели, што ги испраќаа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ечеше локална музика, мирисаше на скара, на секој чекор ја имаше, беше преполно од народ.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)