бев (гл.) - премногу (прил.)

Навидум исклучив сѐ друго, и луѓето и светот, но знам дека тоа беше така затоа што тие луѓе и тој свет беа премногу, на подзатскриен начин, присутни во тие мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас не го следев сосема каква намера има, бидејќи бев премногу зафатен со себе си и со оние чувства кои се раѓаат во моменти на вакво расположение, а кои би можеле да се наречат, одмазднички. Да, одмазднички!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ма, да не се лажеме, нека биде меѓу нас, ама Јадранка и не беше којзнае каков авантурист или екстремист, ниту пак беше компулсивно - анксиозна, ниту пак беше премногу амбициозна, ниту пак имаше преголемо IQ.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во делот во кој се обидувам да раскажам за татко ни таа е присутна повеќе од сите Кривошееви, а во делот кај што раскажувам за неа татко ми е споменат само во една реченица.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред тоа молчевме. Веројатно болката беше премногу присутна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Додека Тејлор висеше на него, типот извади нож.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Одненадеж, Тејлор скокна врз него. („Имав впечаток дека скокам на челична статуа. Толку беше јак“, ми рече подоцна Тејлор).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никој не се помести, сите беа премногу исплашени за да направат било што, освен, секако, Пол, кој веднаш почна да му зборува на типот дека полицијата ќе дојде веднаш бидејќи сигурно го чуле истрелот, но типот му одговори дека му е сеедно и дека нема да си оди додека не ги собере своите 500 долари - а тогаш погледна наоколу и рече дека ќе ја понесе филмската опрема и еден заложник.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Поаѓам од себе: синоќа бев премногу меланхоличен, а одамна не ми се случило тоа, дури депресијата беше толку силна што прозаично се зачудив како се најдов во тој стадиум.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа беше основната грешка во овој филм.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ѕидовите на студијата беа премногу високи за да ги прескокнам и едноставно не знаев како да се продадам себе си или што воопшто да продадам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но кога снимате театарска претстава во една соба, многу е тешко да се направат резови.” •Кон Јаже не пријдовте од комичен аспект, како кон Психо? •Хичкок: „Не, природата на злосторот во Јаже беше премногу страшна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Дали подлабоко те интересираше работата со весникот? Дали ти се допаѓаше?!
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пасторот Џеф беше премногу висок - 190 сантиметри - и додека проповедаше стоеше поднаведнат и изгледаше некако вообразен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој некогаш бил брз, но сега имаше 44 години и беше премногу спор за да може да изведе ваков стант.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сузан подготви лесна салата и свежа лимонада; беше премногу топло за да јадат нешто друго, иако Ренди побара снедвич со растопено сирење.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа се шегуваше зашто никој во црковната лига не се лизгаше - дечките беа премногу стари, сталожени - и покрај тоа, Дејв носеше кратки пантолони.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
За Дејв, кој што беше воспитан во порезервираната, поконзервативна логика на Епископелианците, Пасторот Џеф беше премногу неформален и се оддалечуваше од темата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Трпе беше премногу срамежлив по природа и се протна до ќошот од дневната соба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Расипикуќата Шајчевска дури престана и ручек да прави затоа што беше премногу зафатена со правата на педерите.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сигурно беше премногу напнат и сакаше да го неутрализира стресот натоварен од секојдневното служење на скотската стока.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дали затоа што театарскиот механизам во Сплендид беше премногу добро склопен а стапицата толку очигледна, и успехот сосема предвидлив, Жене за време на животот одбиваше драмата да ја објави или постави на сцена.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Всушност, знаеше дека освен одржувањето на огнот, освен дрвата што ги донесе, ништо друго не беше важно, ни потребно, но бараше начин во нешто да се внесе, зашто чекањето му беше премногу болно, премногу долго.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Напати и ќе си речев: не ќе да е случајно ова. Некој висок ги реди настаниве.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Празникот едноставно ќе наидеше како драг гостин и јас ќе бев премногу среќна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но кога сексуалните конотации на тоа стакло се разгледуваат во светлината на католичкото воспитување на Дишан, тешко е да се поверува дека токму таа фотографија - на која е прикажана познатата Санта Марија дела Салуте од десна страна, а од лева во далечината се гледа Ил Реденторе - е одбрана потполно случајно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислите на двете жени се недофатливи поради шокираноста и стравот, но Фјодоровиот пријател сликар ги виде како цитатолошко, дадаистичко надреалистички форми, што не му беше премногу тешко зошто долго долго во детството имаше гледано надреалистички и дадаистички репродукции, а исто така работеше на илустриранјето на “Лабрис”, дело на Фјодоровиот пријател писател.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фјодор е дебел Ван Гог - мислеше многу тивко неговиот пријател сликар кој пуши.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И како што сугерираше и самиот плакат, “Големото Стакло” беше во фокусот на изложбата во Палацо Граси, но оригиналот беше премногу кршлив за да може да се транспортира од Аренсберг Колекцијата од музејот во Филаделфија, каде што сега се наоѓа (закован е на постамент, цементиран на подот).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мене не ми се допаѓаше; беше премногу влакнест, а јас природно имам одбивност кон такви мажи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го здогледаа Бакстер како бари една женска чиј дечко веќе беше премногу пијан за да му се спротивстави.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Суштеството беше премногу запоставено, желно за мирен сон, гладно за духовна храна, премрзнато од студените погледи на Еразмо со кои секојдневно беше шибано, како потсвесна самоомраза, небезбедно од острите стрели на стравот на Еразмо, што напаѓаа со налет врз него секојдневно, згора на се, осудувано со самообвинувања поради немоќта да се сака себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Влезот во темната гора беше премногу страшен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Теснецот меѓу двете езера беше премногу тесен за да ги собере сите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога стигнав во женева во 7.30 наутро на 15 јуни, ден по Борхесовата смрт, беше премногу рано за да отидам кај Марија Кодама.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го препешачив патот од железничката станица до хотелот Ларбалет со лесен чекор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше недела и градот беше пуст. Конечно најдов едно отворено кафѐ и појадував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го запознав многу добро. Не можеше да нѐ поднесе. Бевме премногу фини и добри.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури тогаш го минав едниот од седумтте мостови преку Рона и тргнав кон хотелот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ВГ: Да. Тоа е изгледа свет каде што секој е прилично скаменет цело време.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Таа прва глава... вау!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хорацио, според моето убедување, беше премногу, односно мртов ладен, во однос на алармантната психичко-здравствена ситуација во која бев паднал.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако Љубовта е парадигма на спротивностите како такви, зошто тогаш во неа да не биде можно и само по себе разбирливо втопување на оксимороните, значи, настанување на тавтологии кои спротивностите би ги укинувале во смисла на concordia discors - на пример маж и маж, жена и жена, а, пред сè, космичката праформа на поврзување на спротивностите: хермафродит? okno.mk 239 “Исполнување” низ сопствената “сила за предочување” Леонардо да Винчи не доспеа до затвор само поради дружењето со во градот познатите и озлогласени ефеби.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако визуелната естетика на интерфејсот беше многу дива, ќе беше премногу забележлива.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еден од нив, Јакопо Салтарели, му послужи на Леонардо како модел за сликата на голиот Исус, а тоа веќе беше премногу за инаку спрема уметниците наклонетата канцеларија Uffiziali di Notte во Фиренца.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Влезе во огнот, а неговиот дух беше премногу нужен за силни пламтења.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мрежата на зборови и тајни за Томо беше премногу замрсена за да го открие почетокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, оној на Рада беше премногу далеку, а овој на Светлана беше малку за да го смири неговиот гнев.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А таа беше премногу близу за да ја промаши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше премногу сериозна за да открива детали, и тоа на оние кои имаа дупло помалку години од нејзините.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да, тето. Но, овој ми се чинеше како да беше премногу реален, па така сликите можев и да ги допрам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Спомените од повторниот поглед на Ушќе ќе беа премногу болни за уште едно среќавање - Одиме на Авала. - Одиме каде што ќе посакаш ти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не. Тоа ќе беше премногу сурово за Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пластот сено беше премногу голем, а иглата премногу мала. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, нејзината рака беше премногу кратка за да ја оттргне од канџите на оние кои ја држеа како плен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Знам докторе. Ми се случувало и другпат, но овој пат беше премногу бурно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите беа премногу уморни за да му се потсмеваат на професорот Пол, дури и за да се прекинуваат еден со друг.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Очигледно таа не беше премногу израдувана, нешто како да ја гризеше црвец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше премногу за неговите сили.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Според Мајка, бев премногу замешан во историјата, така што тешко ќе го најдев излезот од неа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да сведочам со своја Историја на Балканот низ падот на југословенската империја како еден од нејзините врвни дипломатски протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Речиси стана непријатно да продолжат да седат така молчејќи: освен тоа, беше премногу студено за да се седи мирно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како и обично, не постоеше стриктно правило против разговарањето со проловите и против посетувањето на нивните пабови, но тоа беше премногу необичен чин за да остане незабележан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа беше израснала по Револуцијата и беше премногу млада за да се сеќава на идеолошките битки од педесеттите и шеесеттите години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цртите на лицето му беа отврднале, кожата на носот и на образите му беше огрубена и црвена, дури и ќелавиот череп му беше премногу темно розов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ се случуваше премногу брзо, нејзината младост и убавина го плашеа, беше премногу навикнат да живее без жени - не знаеше што е причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Влакното поставено преку краевите на страниците беше премногу очигледно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку секунди Винстон беше премногу парализиран за да може да се помрдне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кетрин без сомнение ќе го поткажеше на Полицијата на мислите, само да не беше премногу глупава за да ја почувствува неортодоксноста на неговите ставови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеше да го преврти говорот во вообичаена осуда на предавниците и на мислопрестапниците, но тоа ќе беше премногу очигледно; додека, пак, да измисли некаква победа на фронтот, или некаков триумф во натфрлањето на Деветтиот тригодишен план, би можело премногу да ги искомпликува документите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стануваше од клупата затоа што болката во коските беше неиздржлива, а потоа повторно и речиси веднаш седнуваше, затоа што беше премногу зашеметен за да може да се држи на нозе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше премногу сложено да се искаже со зборови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Честопати одлежуваше меѓу еден оброк и друг речиси без да мрдне, понекогаш спиејќи, понекогаш будејќи се во нејасни фантазии, во кои му беше премногу тешко и да ги отвори очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Добро се сеќаваше на тој ден, раскиснат, мокар ден, кога водата течеше по прозорското окно, а светлината во собата беше премногу матна за читање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа ќе беше премногу нападно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За момент му беше премногу тешко да продолжи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако сиот во паника, и Винстон беше премногу изненаден за да може да премолчи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледот и најдалечниот предмет го фаќаше јасно; јасноста ја зголеми и сонцето што се крена зад ридот и кое не беше премногу црвено за да фрла пурпурна светлина, ни премногу блескаво за да засенува в очи и да крева испарувања.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
VII Појавата на чадот ја заплаши и ќерка му на Илка, Кала, која беше премногу дебела: се заплаши и не одеше веќе на брегот да се лечи од дебелштијата, како што тоа го правеше, одејќи на она место каде што топлата вода правеше вир и легнуваше во него.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Почнав да читам една од тие книги, ми рече Лу, но беше премногу сложена.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми вели онака, на поминување: „А бе Фердинанд, мајка ти се симна најмалку дваесет пати од седум саатот, да праша да не сме те виделе? Жими тебе!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И од жештината беше! и бев премногу збунет, не бев ич нормален!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа воопшто не го фатило. Како и да е, беше премногу доцна за враќање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не мириса баш на добро!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој мораше да биде подложен на операција и јас видов една ампутација во стар стил. И сѐ што оди со неа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сакавме во таква атмосфера да го повториме прашањето за судбината на нашиот чун. Ќе беше премногу.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Видоа некого по долот нагоре како тера маска со кошеви од двете страни, но тој беше премногу далеку.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зборовите и советите што ми ги упати Никола Леко откако ме сослуша беа премногу горчливи и останав со впечаток дека тој не се ни обидува да ја сфати мојата жална состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека нè одврзуваа, молчевме, но откако ќе нè ослободеа од јажињата, од нас избувнуваа порој закани на посрамотени дванаесетгодишници.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Прозорците беа премногу мали и премногу високо; од нив, во најдобар случај, се гледаше небото со по некое пердувесто облаче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Одеднаш старецот ја симна слушалката. Тоа беше премногу за него. Беше премален од минатото...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Под неговата власт народот не беше премногу среќен, но ниту несреќен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не сакав ни да помислам дека може да се случи она што Денко Самоников го наговестуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина неговиот плач беше изблик на една многу подлабока болка што не треба да се врзува дури ни со љубовта; тој крик беше објава на еден крај; на свршеток кој сам по себе беше премногу грд. Затоа и го отфрлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Мартина, уште кога тргна кон нив, му затупка срцето, но беше премногу горделив за да се откаже да оди накај нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Неодолив со спонтаниот хумор во своите први улоги, тој, според критиката, во последните беше премногу артифициелен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Почнаа да ме прогонуваат две чувства: првото, дека сѐ се случува премногу брзо и дека нема да можам да се сетам на сето тоа, а второто, дека нема да можам да го искажам она што го видов - сѐ беше премногу недопирливо и неодоливо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ништо не можев да му одговорам, сѐ беше премногу вистинито.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- „И колку ниско под честа човекот може да падне?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Новиот почеток би бил ново разочарување, а за тоа бев премногу слаба и ранлива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „И како без тебе, како без нас?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се што се случи, секој бакнеж, секое чувство, секоја солза, секоја тага, секој збор, секоја нежност, секоја насмевка, секоја прегратка, секоја страст, беше премногу за крај, а премалку за збогум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Очигледно беше дека нешто не е во ред - водата нејќеше да си оди, а ми беше страв, кога казанчето повторно се наполни, да пуштам пак вода за да не направам уште поголема белја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Автомобилот, секако, не се паркираше во кујно-гаражо-влезо-излезот; ќе беше премногу нехигиенски да се чува автомобил во исто место каде што се подготвува храна - па затоа тој си беше паркиран надвор, пред оградата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не разбирав секогаш што вели, ама зборовите ги изговараше така еден по еден и со ред што мене ми се чинеше дека сè го разбирам иако уште бев премногу дете за грижите и разговорите на возрасните.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Е, тоа веќе беше премногу. Не издржав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Веројатно бев премногу малечка за да ги сфатам политичките приклонувања на татко ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На денот на заминувањето на Ивана бев премногу тажна за да може да ме утеши што и да е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стоевме двете надвор од аеродромската зграда и не знаевме што да си кажеме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во суштина, типот беше премногу упорен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)