бев (гл.) - понекогаш (прил.)

Толку тешко може некој себеси да се фати „на дело”, што ќе бев во искушение да признаам дека воопшто постојат овие, во суштина неелементи на искуството, да не бев понекогаш во ситуација случајно да ги забележам во акција кај другите, а тие да не ми ги пријавиле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во свои­те размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако на мајка и тоа ѝ беше понекогаш напорно, сепак ја исполнуваше ведриот дух на ќерка ѝ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)