бев (гл.) - познато (прил.)

Но, тоа ми беше познато, ништо не ми можеше, јас тоа го бев отфрлил. Погонски проблеми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Му беше познато дека пајаците, за да се одбранат и да преживеат, плетат околу себе лавиринт пајажина, луѓето создавале околу себе лавиринт граници, со надеж дека така ќе се одделат, ќе се спасат од другиот, ќе преживеат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Татко му беше познато дека Флобер му се восхитувал на романот Дон Кихот Кихот од Сервантес, што го беше читал во превод на албански од Фан Ноли и оваа книга ја имаше во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ема таа ноќ беше воздушеста, нестварна, со сè она што ми беше познато, а толку необично во играта со сенките, со голите гради, со двете танки, едвај видливи, бранчиња на стомакот и со волната од горниот дел меѓу нозете што се вплеткуваше со волната меѓу моите нозе; ја гледав благо зафрлена наназад, потпрена на рацете, првпат така целосно фатена во мрежата на сенките од розовата светлина на пред малку запалената столна ламба, од левата, и светлината на уличните канделабри, што трепереше преку завесата на прозорецот, од десната страна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Се плашам да бидам слободна,“ ми рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дали на вистинскиот убиец му се даде втора шанса и пред да се најде откриен па новинарот, од телевизорот во чекалната кај дебелата тетка, однапред ги загуби своите изгледи? - ова не ми беше познато, како ни Смарагдната шума на соништата во која мистично заталкав...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Навистина и мене ми беше познато лицето на оваа жена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тие со право и натаму се обидуваа нешто да сторат, некому да кажат, да објават за неправдата што им е нанесена, но до тој момент, тоа ми беше познато, резултат немаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бојан не се изненади многу од тоа, зашто му беше познато дека повеќемина колибари чуваат скриени пушки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не ми беше познато како ја пренесол тој мојата прикаска но разбрав дека шегата му го намалила угледот во семејството и му донесла и модрица под ребрата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Првото веројатно требаше да го исмее Жолтко, во врска со неговата љубов (не ми беше познато од кои причини, затоа и не ја спомнав).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нешто се случуваше со големата земја, делбено, трагично, кое на сите им беше познато, но никој како да не сакаше да верува во тоа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас како да го губев темпото на дотогашното брзо и квалитетно информирање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Каков можеше да биде тој? едно беше познато, се колнам, секој што ќе посегнеше врз него потоа како да ја губеше моќта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како би можела да биде љубовна кога на сите им беше познато оти единствената љубов на Голем Тодор, Благовеста Лекова, неколку години пред да се случи ова за кое ти раскажувам, беше веќе погребана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова училиште кое беше познато како Женска гимназија која, подоцна, го доби името на маршалот Јосип Броз Тито, покрај другата голема Машка гимназија која го доби подоцна името на народниот херој Цветан Димов, имаше свои одбрани ученици, но и добри и угледни професори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зар имаше уште нешто да каже за таа нејзина единствена пролет, голема пролет во нејзиниот живот, што не ни беше познато во семејството?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не можам да преминам со молчење... (Каков прекрасен израз!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Треба почесто да го употребувам; тој како да докажува размислување и дури нешто како великодушност.) - Не можам да преминам со молчење дека многумина се признаени за злонамерни само затоа што не им беше познато: кое мислење е подобро за највисокото раководство?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)