бев (гл.) - особено (прил.)

Сега кога имаа безбедно скривалиште, речиси дом, не им беше особено тешко ни тоа што се среќаваа нередовно и само на саат-два.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така Татко и во доцните фази од својот интелектуален живот размислуваше, посебно кога интензивно работеше врз својата Историја на Балканот низ падовите на империите и сега посебно на тоа се потсетуваше кога го слушаше Камилски како говори за јаничарството и језуитството, во линијата на интелектуалното јаничарство кое беше особено својствено за одделни претставници од народите на Царството, кои и самите беа означени по други обележја од јаничарството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Раните Бојсови цртежи долго време беа особено ценети од неговите естетски- конзервативни обожаватели, оние коишто никогаш не би можеле да покажат било каков вистински ентузијазам за неговите неортодоксни скулптури или инсталации.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Заедно, овие изложби го охрабрија посетителот да просудува самиот дали издвојувањето на Бојс од неговата контрадикторна личност е воопшто можно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Денот беше особено надарен затоа што истураше снег, иако помина и денот на пролетта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Патот до топлото одајче на тетка Асја имаше три скали, така таа го нарекуваше посредувањето со оние кои точно знаеја кои се тие три скали и, што беше особено важно, знаеја колкава е цената за да се минат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оперативците од службата будно го следеа движењето на членовите на оваа асоцијација, ги прислушуваа нивните телефони, ги снимаа нивните активности во Друштвото и надвор од него, посебно на предавањата што ги изведуваше госпоѓа Мариела, и во собите “Кај Таки”, а што беше особено важно, меѓу нив имаа инсталирано кодоши.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дедо попот беше особено неразбирлив кога ќе му дојдеше некоја грчка да рече по навика.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не оти беше во неред или имаше потреба да се среди, туку очајнички се обидував да почувствувам малку душа, миг на живот во нејзините предмети, облеката, постелнината, албумите и книгите што ѝ беа особено верен придружник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, имаше и друга причина поради која геј-културата не ни беше особено привлечна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неколку делови од кожата сè уште му беа масни од ручекот - или можеби само кожата му беше масна и така му светеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше голема и бела со жолти, нерамномерно распределени дамки, додека стомакот ѝ беше особено дебел и виснат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нина беше особено горда и задоволна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако, пак, работата беше особено тешка, тогаш тој имаше обичај дури и воопшто да не ги завршува речениците, така што мошне често, започнувајќи со зборовите: „Тоа е, навистина, сосема онака...“ – а понатаму веќе немаше воопшто ништо, зашто и самиот тој забораваше, мислејќи дека кажал сѐ што било потребно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)