бев (гл.) - опасно (прил.)

И да останат тука и да чекаат сам Владимир да се јави, беше опасно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се разбира оти се зачува само она што можеше да се зачува и што не сакаа да ни го земат, зашто не им беше нужно и не беше опасно за нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше опасно, но не беше прашање на живот или смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше залудно. Се сврте. Беше опасно да одбие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше апсурдно, зашто испишувањето на тие зборови не беше поопасно од самиот чин на пишувањето на дневникот; но за миг беше речиси готов да ги откине упропастените страници и сосем да се откаже од проектот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Накратко да објаснам, беа опасно налудничави.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дури иако не наполно разбирлив, не барем за сите, и сепак со злокобно значење во себе, како да беше опасно да се држи под јазик, брзо се искплукуваше; секако, сеедно што за некои дојде привлечен и нов, ги присилуваше со магиска закана во себе да бегаат од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се стемни. Тој и не помисли да се врати. Пред сѐ, беше опасно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)