бев (гл.) - одовде (прил.)

Внатре беше осветлено, сѐ беше осветлено, разната стока и оние легнати, долгнавести, големи тегли со бомбони, со отвор однапред во кои продавачот ја пикаше раката и вадеше колку што сакаш. Ние тројцата бевме одоваде тезгето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Долнени, тоа беше тета Сандра. Баба им Трена, бог да ја прости, мајка на татка му на Србина, беше одовде.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ние што бевме одовде река, уште некачени на мостот, пропукавме и се собравме ноќеска преполовени и јас го јавнав коњот да сторам абер.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)