бев (гл.) - овде (прил.)

На сите што бевме овде ни отекоа очите, почнаа да ни солзат, ги покривавме со раце, со крпчиња и баравме некаде да се засолниме, во некој магазин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мириса на месо, а во вечерните часови, кога и јас бев овде, најмногу имаше клошари, кои во торбите ги собираа отпадоците фрлени од тезгите или во изметиштата кои ги имаше на сите страни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако не бев овде, веројатно никогаш не ќе знаев дека Белгија, од која секоја година кај нас летуваат стотина илјади души, е могу развиена туристичка земја и дека од туристичкото стопанство има позитивно салдо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Селото чмаеше стегнато и устрашено. Пијат. Мизерна и жална беше овде маѓијата од виното.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Додека бев овде полицајците постојано ме клоцаа и удираа со боксови не за да ме принудат, но само за нивно задоволство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На овега, на Неделка Акиноски, додека беше овдека, му помагаа двајца Руси, белогардејци, Васја Штербицки и Евгениј Доброхотов.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спроти ние што бевме овде, кога си отидов јас, таа е шеќер.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега изгледаше повисока и постара. „Па видете колку многу тули сте изѕидале откако бев овде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сосема недолжно мислеше дека сите дваесетина момци кои во истиот ден дојдоа овде со него ги води истата желба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со години веќе беше овде, на ова место, немо следејќи ги деновите, еден по друг, еден по друг, и годините, една по друга, една по друга...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Реалните интереси на светот беа овде да се спречи војната, оти уште една војна на Балканот ќе ги чини многу.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И пред да знае што прави, веќе беше овде, со огромна потреба да стори нешто за да му дојде крај на насилството.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
БАБА АНЧА: (избрзува пред Илија). Еве ти го... У, кај отиде попот?... {на Илија). Сега беше овде!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да беше овде кога ми дојде мене, дали можеше да му удри и да ме одбрани?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако беа овде, Стрико Шило ќе ми ги закрпеше чевлите, а Чом ќе го вратеше мојот долг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еве што раскажав на Жеро Жерав... ...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но враќање немаше; еднаш сам му ја предложи на Отец Симеон оваа акција и сега беше овде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Барутот започна Татко којшто означи нова ера во војувањето и во уништувањето на човекот и неговите придобивки, не беше измислен, ниту создаден на Балканот, туку тој, како и многу други смртоносни оружја, беше овде пренесен!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Камилски не му беше познат овој факт, тој ниту некогаш за него размислувал до Татковото потсетување за тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„ Додека бев овде те ставив неколку емсеци вдупка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Колку беа овде чудни луѓето... Одделуваа време за него. Разговараа со него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еднаш со втората Марија беше овде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако доцнев јас, а тој ако беше овде, ќе ме чекаше? Жими кур ќе ме чекаше.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Кога ќе влезеа в село гостите од Брезница во тајфа, децата со врева ќе потрчаа напред и тета Сандра, зашто куќата им беше овде на патот, ќе ги чуеше клакарчето на Шишмана, знаеше дека нејзините ѝ идат на гости.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Речиси сум сигурен дека ако не бев овде Бојка ќе му беше веќе во утробата на мојот постар брат. На Бојка, изгледа, помалку ѝ пречам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- А каде бев јас во вторникот? - Беше овде. - А кој ден сме денес? - Петок. Еден од петоците што се готви да си замине.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На пример само да постоевме неколку моменти под лозницата во дворот, среде смеата и задоволството од богатиот есенски род, тетка Боса ќе ја грабнеше однекаде онаа тажна маска на сериозност, ќе си ја сместеше на лицето и наеднаш ќе објавеше: - Ах, да беше овде оној мој Благоја!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби беше и насмевнат, но мене ми беше оневозможено дури ни да го забележам тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За несреќа, преносувачот на ова зло беше овде, се наоѓаше сосема блиску, во ходникот што води во мојата канцеларија, но истовремено беше и негде далеку, незабележлив, затскриен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вчера беше овде, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега беше овде. Одеше: клап- клап, клоп-клоп. Ете, така одеше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)