бев (гл.) - обично (прил.)

Непосредно пред жетвата, ден, два, пред првиот срп, главите на домаќинствата им заповедаа на мажите што во домаќинствата по ранг стоеја веднаш до нив, тоа беа обично помладите браќа, или најстарите синови, да ожнеат неколку снопови ’рж за правење јажици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спорот на Кирова настана кога, по враќањето на работа и по приложувањето на ова валидно решение на раководните органи –  веќе следниот работен ден истите носат одлука за прекин на исплатата на регресот за храна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поточно овој противзаконит акт беше обично Известување бр. 04-777 испратено од секретарот на „Дервен“ до сметководството и благајната на претпријатието – кое се однесуваше на сите вработени кои имаат решение за инвалиди на трудот6 и кои работеа со скратено работно време, а со штуро образложение дека веќе „не им следува такво право“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И може дека беше обично заблуден во своите мисли, со сенка на испитото лице, баш него често ќе го фатеа да му расправаат маки и патила.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, тоа беше обично парче од бескорисно знаење што тој случајно го поседуваше затоа што неговото сеќавање не беше доволно под контрола.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа лето не беше обично лето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Писмото не беше обично. Тоа беше „пандорина кутија“, а таа во овој миг се наоѓаше во рацете на Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа не беше обично држење. Тоа беше допир преку кој љубовта се прелеваше како низ песочен часовник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Едно време сè беше обично дур го искачува ридот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Вера беше обично сериозна, со некоја почит кон мртвите, изразен на нејзиното лице.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа не беше ни опал, ни некое скапоцено камче, беше обично парче од некој тврд камен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие диво прескокнуваа сѐ што беше обично и секојдневно, и бидејќи пречките да бидат заедно беа непремостливи, таа силина на чувствата всушност го содржеше во најголем дел и отпорот спрема таа непремостливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Студено бакнувајќи ја сестрата, Вадим со неа и со жена си се упати во малиот неугледен автобус.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гратчето беше обично: ниски згради, низа од „коцкички“, оддалечени сирени, лаеж на кучиња. Луѓето се криеја по дупки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не забележавме кога дојде татко ми. Тој во ова време беше обично на работа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)